Косово: 30.000 луѓе ги загубиле своите работни места во приватниот сектор

од Nikola Popovski
114 прегледи

Синдикатот на вработените во приватниот сектор на Косово проценува дека поради пандемијата на коронавирус, без работа останале околу 30.000 луѓе, вели претседателот на овој синдикат, Јусуф Аземи.

Според него, оние што ја изгубиле работата не успеале да добијат ниту компензација од 130 евра, како што е предвидено во пакетот мерки на Владата на Косово, пренесува Бета.

Даночната администрација соопшти дека од март годинава добиле 1.600 барања од луѓе кои ги загубиле работните места.

Компензација од 130 евра

Планот предвидува дека на оние кои ќе загубат работа во тој период ќе бидат обештетени со 130 евра за април, мај и јуни годинава.

Министерството за финансии и трансфер на Косово за сајтот „Кoha.net“ изјави дека очекуваат исплатата да биде извршена во наредните денови.

Во Косово досега 945 лица се заразени со новиот коронавирус, излечени се 690, а починале 29 лица.