Косово не успеа да стане членка на Интерпол, пренесуваат српските медиуми.

Предлогот Косово да стане член на Интерпол не помина во првиот круг гласање, затоа што за членството на Косово во таа меѓународна организацја гласаа 78 делегати, а 56 беа против и 22 воздржани.
По тоа следеше пауза во текот на која се одвивала вистинска битка за гласови затоа што имало обиди од салата во која се гласа да се извлечат членови кои гласале против, со што во второто гласање би имало помалку гласови против.
За некоја земја да влезе во Интерпол потребно е двотретинско мнозинство, кое Косово денеска не го обезбеди. Им фалат 25 гласови.