Косово: Негативен примерокот од пациентот за кој се сомневаше дека е заразен со мајмунски сипаници

од Stefanija Kuzmanovska
197 прегледи

Примерокот од косовски пациент, за кој постои сомневање дека е заразен со мајмунска сипаница, е негативен, покажаа тестовите во Холандија, соопштија денеска Министерството за здравство и Националниот институт за јавно здравје на Косово.

На 2 јуни на Инфективната клиника на Клиничко болничкиот центар било примено лице (69) од општина Драгаш, за кое постоеше сомневање дека има сипаници и чии примероци беа испратени на лабораториски испитувања во Холандија.

Заводот денеска од Холандија бил информиран дека примерокот е негативен и дека не се работи за инфекција со мајмуни сипаници.

Слични содржини