336
Министерството за здравство на Косово денеска соопшти дека, според податоците на Националниот институт за јавно здравје, во последните 24 часа биле тестирани 2.283 лица на коронавирус, а 13 биле позитивни.
Во последните 24 часа не е регистриран ниту еден смртен случај, јави РТК2. Вкупниот број на активни случаи на Косово е 456.