Косово никогаш повеќе нема да биде под управа на Белград, порача Рама

од Nikola Popovski
127 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека крајот на оваа година не е добар за процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина поради зголемувањето на тензиите на Косово и Метохија.

– Неверојатно е што постојано се соочуваме со појава на барикади, доцнење на процесот на нормализација и противпожарни тимови на САД и ЕУ кои трчаат да ја спасат машинеријата на дијалогот од пламенот на тешката политичка реторика – рече Рама на вечерата со претставници на дипломатскиот кор во Тирана.

Во врска со најавеното барање на Белград за враќање на српските сили на Косово, албанскиот премиер рече дека „Косово никогаш повеќе нема да биде под законодавство на Белград“, пренесува „Репортери“.

Тој смета дека барањето Србија да испрати војници на Косово би било „исто надреално како и барањето на Косово да испрати војници во Прешевската долина“.

– Сето ова е многу далеку од она што ни треба. Влеговме во третата деценија откако Косово беше ослободено од Белград – рече Рама.

Тој додаде дека Албанија „ќе остане цврсто со Република Косово“ секогаш кога ќе биде доведено во прашање нејзиното, како што наведе, суверено право да биде управувана од нејзините власти во која било форма.

Тој, исто така, смета дека дијалогот е единственото решение за Белград и Приштина, па затоа и единствената платформа на која треба да се ориентираат двете страни.

Слични содржини