Министерката за правда на Косово, Албуљена Хаџиу денеска потврдила дека Косово на Данска ќе ѝ даде под закуп 300 затворски ќелии.
Хаџиу истакнала дека данскиот министер за правда Ник Хакеруп во понеделник ќе го посети Косово кога ќе бидат познати и другите детали околу тој договор.
„Ќе се издаваат ќелии во затворот во Гњилане. Ова е меѓународен договор кој ќе бара ратификација со две третини од гласовите“, изјавила Хаџиу, додавајќи дека не верува дека ќе има осуденици за тероризам меѓу оние што ќе ја отслужуваат казната во косовскиот затвор.
Како што пренесува „Косово онлајн“, Хаџиу изјавила и дека Косово има вишок затворски ќелии.
„Како министер за правда наскоро ќе ја информирам јавноста за ова прашање. Немаме проблем со недостиг на места во затворите“, рече Хаџиу.