367
Вршителот на должноста директор на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, изјави дека во Бањска, каде синоќа беше убиен косовски полицаец, дошло до размена на оган меѓу полицајци и „тешко вооружени униформирани лица“.
„Гледаме вооружени луѓе, тоа е тешко оружје, тие пукаат во нас, пукаме ние. Сметаме дека тоа се странци во униформа со тешко оружје“, изјави Елшани за Радио Контакт плус.
Но, тој не можеше да прецизира кои се униформираните, но изјави дека поседуваат оклопни возила.
Исто така, не можеше да потврди дали има нови повредени.