252
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ најави дека ќе настапи на Австралија Опен (АО), а таа одлука не ја дочекаа сите со насмевка на лицето. На Влора Читаку, поранешната косовска министерка за надворешни работи и амбасадорка во САД, не ѝ се допадна тоа што тенисерот доби медицинска дозвола.
Читаку на својот Твитер профил цитирала дел од книгата „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел.
„Сите животни се еднакви, но некои се поеднакви од другите“, напиша политичарката.
“ All animals are equal, but some animals are more equal than others.”https://t.co/IyaE8lfcjJ
— Vlora Çitaku (@vloracitaku) January 4, 2022
Владата на државата Викторија му дозволи на Ѓоковиќ да настапи на АО, иако нема примено вакцина против Ковид-19.