Косовската министерка за правда: Ова е политички крај на Тачи, не успеа да се сретне со претседателот Трамп

од Nikola Popovski
178 прегледи

Министерката за правда на Косово, Аљбуљена Хаџи, го обвини Хашим Тачи дека одржува состаноци во име на Косово, а за тоа нема мандат по Уставот, кој го усвои Собранието.

„Ова е политички крај на Тачи. Тој не успеа да се сретне со претседателот Доналд Трамп и неговиот портпарол“, рече таа, а пренесува Газета.

Хаџи истакнала дека „нема да помине ниту територијалната размена ниту Унијата на српските општини“.

„И покрај преговорите што Тачи сега може да ги договори, ние имаме влада која нема да дозволи договорот да биде потпишан на штета на Косово“, рече таа.

Тачи синоќа се состана со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белата куќа, на покана на специјалниот пратеник за дијалогот на претседателот Доналд Трамп, Ричард Гренел.