Косовската опозиција ги повика САД да го истражат Курти: Им служи на непријателските агенди

од Radmila Tasevska
407 прегледи

Пратеничката од косовската опозициска партија Алијанса за иднината на Косово (ААК), Тиме Кадријај изрази сомневање дека актуелниот косовски премиер Албин Курти им служи на „непријателските агенди“, поради што побара од Соединетите Американски Држави да спроведат „независна истрага“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на нејзината страница на Фејсбук, Кадријај наведува дека ААК, на чие чело е поранешниот премиер, Рамуш Харадинај, од поодамна изразила сомневање дека „постои можност Курти да им служи на непријателските агенди“.

– Јавен повик до нашите сојузници – САД, да иницираат независна истрага околу овие теми! Дали има Курти врски со српско-руската енергетска мафија? Дали стои фактот дека Курти ги одложи двата главни американски проекти во Косово: изградбата на новата термоцентрала и проектот на американскиот газовод, за да ги фаворизира неговите врски преку (екс амбасадорот во Словенија) Мартин Беришај во Србија, па сé до руските олигарси, напиша Кадријај.

Слични содржини