178
Косовската полиција на административниот премин Мердара не дозволила автомобилот со српскиот патријарх Порфирије да влезе во Косово, каде што се упатил и покрај вчерашното писмо од Приштина дека не му е дозволен престој, јавува „Косово онлајн“.
Патријархот останал неколку минути во автомобилот на страната под контрола на косовската полиција, а потоа се свртел и се вратил во Куршумлија.