Косовската полиција негира дека учествувала во престрелка во Зубин Поток

од Stefanija Kuzmanovska
186 прегледи

Косовската полиција вчера соопштила дека немало напад врз нејзини припадници, ниту било каква размена на оган.

Во соопштението објавено на Фејсбук по пишувањето на медиумите дека дошло до размена на оган во околината на Зубин Поток, се наведува дека немало напад врз косовската полиција, ниту размена на оган меѓу косовската полиција или некоја група.

Шефот на кабинетот на претседателот на приштинските институции, Бљерим Веља, навел и дека косовската полиција „не е вклучена во никакви престрелки“.

Слични содржини