Косовската полиција го запрела синот на Вучиќ и го натерала да ја соблече маицата со „антикосовски натписи“

од Nikola Popovski
785 прегледи

Синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило Вучиќ, денеска бил запрен за време на неговиот престој на Косово, при што косовската полиција го принудила да ја соблече маицата со, како што сметаат, „провокативна порака“, објави РТВ Дукаѓини.

Оваа телевизија објавува и видео на кое, како што тврдат, се гледаат припадници на полицијата како го запираат синот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„РТВ Дукаѓини по церемонијата што се одржа во Грачаница обезбеди снимка на која се гледа дека косовската полиција ги запрела автомобилите во кои бил синот на претседателот на Србија за да му ја земе маицата со антикосовски натписи“, пишува на сајтот на РТВ Дукаѓини, на кој била објавена и наводна снимка што го потврдува тоа.

По завршувањето на литургијата, Данило Вучиќ е забележан како се движи низ Грачаница, придружуван од група Срби и припадници на обезбедувањето.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека неговиот син Данило трипати бил запиран и претресен од полицијата во Грачаница.

„Му честитам на косовскиот премиер Аљбин Курти за неговата храброст. Кога праќа луѓе да се изживуваат со туѓи деца, тоа и е во ред“, рекол Вучиќ, пренесува „ФоНет“.

Слични содржини