Косовската полиција постави бетонски пречки за камиони кај Бањска

од Илинка Илиоска
107 прегледи

Косовската полиција денеска постави бетонски бариери на мостот кај Бањска, на северот на Косово, потврди вршителот на должност директор на Регионалната полиција Север, Ветон Ељшани, пренесува Бета.

Тој изјави дека целта на поставувањето на пречките е да се спречи шверцот.

– Бетонските пречки се поставени со цел да се спречи премин на камиони, додека автомобилите можат да го преминуваат мостот, појасни Ељшани.