Косовската полиција соопшти денеска дека запленила 459 сомнителни банкноти од по 500 евра, во вкупна вредност од 229 илјади евра.

Првично, според соопштението, полицијата синоќа околу 23:15 часот запрела еден автомобил во населбата „Дарданија“ во Призрен. Кај еден од тројцата патници во автомобилот е пронајдена помала количина марихуана.
Уследил детален претрес кој резултирал со наоѓање на сомнителна банкнота од 500 евра кај вториот осомничен. За случајот е известен надлежен обвинител и е побарана судска дозвола за претрес во куќа за која имало сомнежи дека има фалсификувани пари.
По добивањето на овластувањето, извршен е претрес на куќа во Призрен, во која се пронајдени и запленети како материјален доказ 458 банкноти од по 500 евра, односно вкупно 229.000 евра.