Косовската влада донесе одлука да го укине режимот на ставање налепници на српските регистарски таблички

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Косовската влада синоќа на електронска седница донела одлука, како и претходно српската влада, да го укине режимот на ставање налепници на српските регистарски таблички додека се вози во Косово.

Одлуката на владата во Приштина уследи четири дена по стапувањето во сила на одлуката од Белград (усвоена на 25 декември, а примената започна на први јануари), но косовскиот премиер Албин Курти уште во декември најави дека постапката ќе биде таква, пишува KoSSev.

Тој најпрво сакаше да се увери дека Белград ќе ја спроведе својата одлука на терен, односно дека „регистерските таблички на РКС ќе циркулираат слободно и отворено на територијата на Србија“.

На 27 декември на седницата тој побарал извештај за ова, а денеска вели дека истиот е задоволителен.

„Преку извештајот на нашата полиција, која следеше се со големо внимание, убедени сме дека имаме целосна имплементација, и дека немало никакви инциденти или пречки. Затоа, врз основа на принципот на реципроцитет, како предуслов за регулирање на односите меѓу независните држави, синоќа донесовме одлука да дозволиме возила кои доаѓаат од другата страна на границата со српски регистарски таблички“, рече Курти.

Тој уште еднаш посочи дека одлуката ќе почне да се применува кога ќе биде објавена во Службен весник.

И од косовската полиција на северниот регион потврдиле дека се уште не добиле наредба за спроведување на одлуката на терен, пренесе N1.

Иако е задоволен од досегашните извештаи за спроведување на одлуката на владата на Србија за возилата од Косово, Курти вели дека се уште е недоверлив.

Тој предупредува дека во случај косовската полиција во меѓувреме да добие информации од терен за промена на пристапот на српските власти за слободно движење на возилата со регистарски таблички РКС, Приштина ќе реагира на тоа.

„Во случај да добиеме информации за промена на пристапот или однесувањето на Србија или попречување на слободното движење во која било форма, ќе бидеме навремено информирани и ќе реагираме“, посочи тој.

Како и косовската влада синоќа, тој сега вели дека оваа „нова ситуација служи за слободно и лесно движење меѓу двете земји“.

Слични содржини