Косовски автобус излетал кај Славонски брод: Тројца загинати повеќемина се повредени

од Берта Китинска
306 прегледи

Три лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа која се случила кај Славонски брод, Автобус со косовски таблички на автопатот А3, излета од патот, а загинаа три лица, додека десетмина се повредени, јави Дневник.хр.

Несреќата се случила утрово во 6,20 часот во близина на наплатната рампа кај Славонски Брод. Во тек е увидот на полицијата по што ќе се знае причината за оваа тешка сообраќајка.