Косовски државјанин со автомобил удрил во полицаец во Мала Речица

Со повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Клиничка болница Тетово

од Nikola Popovski
17 прегледи

Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат ело Пирок-Тетово, во село Мала Речица, патничко возило „бмв“ со косовски национални ознаки, управувано од А.С.(22) од Косово, удрило во полицискиот службеник С.А.(26) од село Шипковица, тетовско, кој вршел обезбедување на место на сообраќајна незгода.

Притоа, со повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Клиничка болница Тетово.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово