Косовски суд: Курти не може да се кандидира на изборите

од Nikola Popovski
168 прегледи

Врховниот суд на Косово денеска одлучи делумно да ги прифати жалбите на Движењето Самоопределување и Алијансата за иднината на Косово и да дозволи одредени членови на тие партии да се кандидираат за парламент на изборите на 14 февруари, но лидерот на Самоопределување Албин Курти не е меѓу нив.

Од пет жалби, судот одлучи делумно да прифати две, а три да одбие.

Жlалбата за Самоопределување беше делумно прифатена и Судот нареди Централната изборна комисија (ЦИК) да ги стави на списокот кандидатите Либурн Алџиу и Љабиното Деми Муртези. Тие претходно беа избришани од изборниот список затоа што биле осудувани во претходните три години.

Ова не се однесува на тројцата други кандидати за Самоопределување, вклучувајќи го и Курти.

Делумно беше прифатена и жалбата на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, а Врховниот суд му нареди на ЦИК да го потврди кандидатот, Шемседин Дрешај.

Врховниот суд ги отфрли жалбите на Ашкалиската партија за интеграција, Новата демократска партија и НИСМА како неосновани.

Слични содржини