Косовскиот министер за правда понуди оставка

од desk2
70 прегледи

Министерот за правда на Косово Абељард Тахири денеска понуди оставка на функцијата поради незадоволство од случувањата во правниот сектор, вклучително и мешањето на политиката, објавија косовските медиуми.

Тахири смета дека лошата состојба во овој сектор ќе резултира со одлука на Европската унија да не дозволи визна либерализација за Косово.

Извори на порталот „Газета Експрес“ тврдат дека Тахири оставката им ја доставил на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и на претседателот на неговата партија, Демократската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели.

Се очекува наскоро Тахири лично да ја објави информацијата и да ги соопшти причините за повлекувањето од функцијата.