Косовскиот премиер Курти ја прими првата доза од Астра Зенека

Премиерот на Косово, Албин Курти, денеска ја прими првата вакцина АстраЗенец во спортската сала „Први октомври“ во Приштина.

По премиерот, вакцинирани се лекари од Инфективната клиника на Универзитетскиот клинички центар на Косово.

Тој потсети дека првиот контингент од 24.000 дози вакцини против коронавирус, обезбедени од УНИЦЕФ, пристигна во Косово во неделата, преку програмата COVAX.

Слични содржини