Косовските специјални сили претресуваат куќи во Бањска

од Stefanija Kuzmanovska

Голем број припадници на специјалната единица на косовската полиција со кучиња влегле во селото Бањска на северот и започнале претрес во самото село и околината, јавува репортерот на агенцијата „Танјуг“.

Српската агенција наведува дека со припадниците на косовската полиција има и припадници на меѓународните сили на КФОР кои учествуваат во акцијата, а членовите на мисијата ЕУЛЕКС се на маргините и го набљудуваат текот на ситуацијата.

Минатата недела тензиите меѓу Косово и Србија достигнаа врв кога вооружените напаѓачи и косовската полиција се судрија во селото Бањска во близина на Митровица на северот на Косово.

Убиени се тројца српски напаѓачи и еден косовски полицаец. Како одговор на овие настани, НАТО ги засили мировните сили на КФОР на Косово.

Слични содржини