Министерството за надворешни работи на Косово тврди дека не добило официјално известување за повлекувањето на Сиера Леоне од признавањето на независноста на Косово.
Ова го рече за приштинската КТВ, Иљир Кркељи, советник на сегашниот министер за надворешни работи, Глаук Коњуфца.
– Што се однесува до Сиера Леоне, сè уште немаме добиено официјално соопштение, – рече г-дин Каркели.
Во меѓувреме, самиот Коњуфца излезе, тврдејќи дека Сиера Леоне не го повлекла признавањето на независноста на Косово.
Според приштинскиот „Зери“, Коњуфца не одговорил на вонредната прес-конференција, дали има документација во неговата канцеларија за тоа кои земји го признале Косово.
Тој исто така најави нови смени во својот ресор, објави приштинската Т7.
Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој престојува во официјална посета на Сиера Леоне, утрово изјави дека таа земја го повлекла признавањето на Косово како независна држава.