Тринаесетгодишниот Коста К., момчето кое го изврши масакрот во белградското училиште, убивајќи осум ученици и чувар, се уште не се кае, пишува „Блиц“ и додава дека момчето се наоѓа на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади.
Момчето го интересира само кога ќе замине од таму и какви се реакциите на неговиот чин, а „Блиц“ дознава дека тој не побарал никаков контакт, ниту со родителите.
Изворот опишува дека момчето верува дека неговото ослободување од Клиниката е само прашање на време, а убеден е дека деновиве ќе биде на слобода. Мирен е, па не добива ни седативи.
– Второто прашање што го поставува е каков импакт оставил, какви реакции има. Што се случува и тој очекува да биде популарен. Неговите очекувања се буквално дека ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе скандираат за него, вели изворот.
Српскиот медиум пишува и дека Коста имал уште 34 куршуми, но престанал да убива бидејќи почувствувал дека останува без здив. Веројатно, преживеаните деца се спасиле поради неговиот паничен напад, по што тој самиот повикал полиција и кажал што направил.