Коста К. на испитување: Ова се прашањата на кои ќе се одговори во постапката против неговиот татко

од Stefanija Kuzmanovska
537 прегледи

Коста К.(14), момчето осомничено за масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, по наредба на Вишото јавно обвинителство моментално се наоѓа на испитување на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци и дава исказ во постапката против неговиот татко Владимир Кечмановиќ кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност.

Како што неофицијално дознава „Телеграф“, 5-те прашања на кои треба да се одговори се:

Дали татко му го малтретирал?
Каков бил односот во семејството, помеѓу мајката, таткото и сестрата?
Дали татко му го носел на стрелиште?
Дали го учел да пука?
Дали му ја дал шифрата на сефот со пиштолот?

Се сомнева дека Владимир Кецмановиќ го чувал оружјето непрописно, како и дека го обучувал својот син како да ракува со него.

Исто така, Вишиот суд во Белград привремено му го конфискува имотот за да не може да го продаде тоа што го има, што е направено по предлог на оштетените.

Имено, судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград донел решение во кое го усвоил предлогот на оштетените С.С.Ч., Б.А., М.М., И.Б., Н.К., Д.Д., Б.А., А.А и Р.В.Ј. за определување на времени мерки за обезбедување имотно-правни побарувања, па обвинетиот В.К. забрането е да располага со, отуѓува и оптоварува недвижен и подвижен имот на кој е сопственик, т.е.

– стан во Белград,
– делови од деловен простор во Белград и
– патничко моторно возило

Привремените мерки можат да траат до конечното завршување на кривичната постапка.

Слични содржини