Коста плачел во соблекувалната на Атлетико по црвениот картон против Барса

од Vlatko K
148 прегледи

Иако изгледа неверојатно, фудбалерот на Атлетико Мадрид, Диего Кошта избувнал во солзи во
соблекувалната, веднаш откако беше избркан во натпреварот против Барселона (0:2) од Ла Лига.


Тој останал сам вособлекувалната и откако размислил за она што се случи, напаѓачот се
расплакал, пишуваат медиумите во Шпанија.

Диего Кошта беше избркан во 28-та минута од натпреварот. Причината за црвениот картон е тешка
навреда кон судијата на средбата.

Според зборовите на Јан Облак, Диего Кошта ги уверил своите соиграчи дека не упатил такви грди
коментари. Сепак специјалисти по читање на усни ги декриптира зборовите на играчот, кои се
особено груби.