Костадинов: Анализата на „Стејт департментот“ ја покажува разликата помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ

„За тоа колку е огромна разликата помеѓу оваа влада која ја предводи СДСМ и Зоран Заев и онаа на ДПМНЕ заедно со сите режимски послушници на Никола Груевски кои до ден денешен се инсталирани во врвот на таа криминална партија, доволно е да направите анализа на извештаите на Стејт Департментот“,  посочува портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во својата фејсбук објава.
„За таа цел јас ги земав извештаите од 2013,2014,2015 и 2016 година и ги споредив со оној од 2020 година.
Покрај нотирањето дека оваа влада вложува сериозен напредок во борбата против корупцијата и криминалот, во борбата против дискриминацијата, слободата на говор, нецензурирањето на медиумите и медиумските работници, особено внимание привлекува делот каде што се опишуваат политичките затвореници.
Од причина што материјалот од извештаите е обемен, во овој мој пост до вас ќе се држам само на делот со политичките затвореници, што за мене е особено важен и прави јасна дистинкција помеѓу авторитарниот режим на ВМРО-ДПМНЕ и демократското владеење на СДСМ.
Имено во извештајот на Стејт Департментот за 2020 година во однос на политички затвореници и притворени лица графата е празна, за разлика од 2013 година кога јасно е нотирано (ова е добро и јавноста да се потсети) дека новинарот Томислав Кежаровски добил 4.5 години затворска казна, за наводно откривање идентитет на заштитен сведок.
Согласно сите информации Томислав ја добива казната исклучиво заради несогласување и противење на тогашниот режим.
Во 2014 година режимот на ВМРО-ДПМНЕ веројатнозаради пресметка со неистомислениците го осудува и Мирослав Шиповиќ кој се појавува во извештајот.
Истата таа 2014 година монструмите од ДПМНЕ тргнуваат повторно во хајка кон неистомисленицита па за таа цел го притвораат и го осудуваат на една година затвор на Дејан Ставриќ кој го водеше штрајкот против министерството за здравство.
Во извештајот од 2015 година кога режимот беше пуштен на најако, од страв дека бродот почнува да им тоне и дека јавноста ќе ја слушне вистината за нивните гадости, ВМРО-ДПМНЕ тргнува во конечна пресметка против народот.
Само заради тоа што Груевски имал информација дека можно е граѓаните да ја слушнат вистината, тргнува да ги притвора Зоран и Соња Верушевски, Бранко Палифров, Ѓорѓи Лазаревски, секако отвораат истрага и против човекот кој го сруши режимот, Зоран Заев.
Во 2016 година шефот на Мицкоски и целата таа тајфа бандити околу него брутално удараат по граѓаните.
Да се потсетиме на фамозниот 13 април, ден кога при притворање на 13 СТУДЕНТИ, само заради тоа што ја поддржувале ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА, им се направени тешки физички повреди, без да им биде пружена медицинска помош, им била ускратена можноста за пристап до адвокат…
Тоа почитувани е само накратко потсетување за сите гадости кои ги правеше истата таа партија која денес глуми загрижена, тоа се буквално истите луѓе чии мисли се исполнети со крв, злоба, криминали.
Разликата почитувани е огромна, јас како претседател на комисијата за прашања на изборите и именувањата сум убеден дека секој нареден извештај ќе биде се подобар.
Убеден сум дека во извештајот за 2021 ќе биде нотирано дека после цели 3 години кочење, формирана е комисија за спречување и заштита од дискриминација, на најдемократски начин, ќе биде нотирано дека конечно после долги години е избран новиот состав на АВМУ и програмскиот совет на МРТВ.
Благодарам за силната поддршка која ни ја давате, оти само заеднички можеме да си ја направиме нашата мала држава Северна Македонија, поубаво место за живеење.
пс.Во прилог фотографија од извештајот на Стејт Департментот за 2020 година, во однос на политички затвореници и притворени“, се вели во фејсбук објавата на Костадинов.

Слични содржини