Костадинов: Арсовски јавно да одговори кој му ја издал дозволата за движење на целата територија на државата?

од Берта Китинска
148 прегледи

„Додека голем дел од граѓаните ги почитуваа забраните за движење и полицискиот час изминатиов викенд, за ВМРО-ДПМНЕ тие не важат.По стапките на Христијан Мицкоски, за кого не постојат забрани и протоколи, туку презентирање на самоволие, непочитување и не дозволување на вршење на службена должност на надлежни лица оди и нивниот портпарол Димче Арсовски, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Тој вели дека  портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во време на полициски час односно 22 часот навечер, спротивно на сите забрани, решил да се врати од Струмица за Скопје.

„Притоа, бил запрен од полициска патрола која му побарала дозвола за движење.Сведоштва говорат за тоа дека Арсовски бурно реагирал на барањето на полицискиот службеник кој си ја вршел својата должност. Работата ескалирала до таму , што од страна на Арсовски биле упатени закани кон полициските службеници.Класична режимска матрица од која ВМРО-ДПМНЕ не е мрдната ниту милиметар.

Наместо да се сокрива зад социјалните мрежи, Арсовски мора јавно да одговори на прашањата:Ако имал дозвола, тогаш кој му ја издал дозволата за движење на целата територија на државата?Ако тоа е партијата дали можеби ВМРО-ДПМНЕ, делат дозволи на сите свои функционери, за да можат да се шетаат каде ќе посакаат, додека огромен број на граѓани седат дома почитувајќи ја забраната за движење?

За каков професионален ангажман во недела во 22 часот, зборува Арсовски?Со кој се сретнал, на каков состанок бил и дали и луѓето со кои Арсовски се сретнал поседувале дозволи или по принципот на ВМРО-ДПМНЕ, ги прекршиле мерките, препораките и протоколите?Ова е почитувани граѓани, вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Лаги, манипулации, неодговорност на директна штета на граѓаните.За таквото однесување опозициската партија ќе биде казнета од граѓаните“, изјави  Костадинов.

Слични содржини