Костадинов бара ребаланс на Буџет: Димитриевска Кочоска и Лимани одбија да ни дадат согласност за ангажирање на негувателки

од Nikola Popovski
38 прегледи

Поради недостаток на негувателки во градинките под надлежност на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов упати порака:

„Бидејќи дечињата згрижени во градинките под надлежност на општина Струмица имаат потреба од негувателки, а Министерството за финансии на Гордана Димитриевска-Кочовска и Министерството за труд и демографски политики на Фатмир Лимани одбија да ни дадат согласност за ангажирање на нови негувателки, ние самите ќе најдеме решение за вработување на потребниот кадар“.

Порачува дека општина Струмица и тој како градоначалник нема да дозволат никогаш дечињата да страдаат поради терање на партиски инает и непринципиелни предизборни агенди.

Костадинов бара итен ребаланс на Буџет и според него само за тој основ е навистина неопходен, бидејќи се работи за децата.

„Очекувам дека за многу брзо време потребните негувателки, воспитувачи и технички персонал ќе почнат да работат со дечињата во нашите градинки“, порача градоначалникот на Струмица.

Слични содржини