472
Смешно ми е кога го употребувате зборот режим. Ми е премногу смешно. Пред 6 години што се случуваше? Каков режим сме? Што се случува во моментот со унапредување на демократијата и слободите?, му одговори потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Левков, откако обвини дека „денеска во Македонија има хибриден режим“.
Костадинов го праша Левков „дали во последните 6 години се случиле меѓуетнички тензии“.
-Споредете го нивото на демократија и граѓанските слободи и права со тоа што беше претходно. Зарем навистина мислите дека македонскиот граѓанин е толку луд и заборава што се случуваше?, оценува Костадинов.