Костадинов: Фајзер имале претставништво во земјава, но си заминале поради паралалениот увоз на лекови во времето на власта на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
201 прегледи

„Одредени проблеми ни правеше тоа што од 2012 до 2015 година, големите фармацевтски компании како Фајзер имале претставништва во земјата, но си заминале и ги затвориле. Причините се паралелниот увоз на лекови кој се случувал во тоа време, за да се полнат џебовите на личности блиски до тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов за емисијата „Само вистина“.

Според него, таа е само една од причините зошто ни е отежнета набавката на вакцини.

„Процесот е предизвик за цел свет. Ние можеме да тврдиме дека останатите држави имаат поголем процент на населението кое е вакцинирано, но секако останува на нас да се погрижиме и да направиме секакви можни обиди за што побрзо вакцината да стигне и кај нас“, вели Костадинов.

Слични содржини