Костадинов: Имаме сомнежи дека Мицковски му помогнал на Груевски за организација на бегството

од Vladimir Zorba
140 прегледи

– Имаме отворени сомнежи, имаме и прашања од јавноста дека можеби претседателот на опозицијата, Мицкоски на некој начин учествувал во организацијата на бегството на Никола Груевски. Тој сам кажа пред некое време, дека имал средба со Груевски, на која што средба се дискутирало за иднината на Никола Груевски“, истакна портпаролот на СДДМ, Костадин Костадинов во синоќешното гостување на „Отворено“ на Алфа телевизија.

Во емисијата Костадинов дополни дека секоја влада преговарала за името, но само актуелната понудила решение.

– Осумдесет и пет отсто од граѓаните се за интеграцијата во ЕУ и НАТО. Да се издигнеме над партиските интереси, и заедно во Собранието да овозможиме процес на интеграции. Секоја влада го преговарала името, оваа влада понуди решенија, ако има алтернатива од другата страна, јас би ја прифатил, но нема. Ова е доброто на сите граѓани, нагласи Костадинов.

-Подобар договор од овој со грција, не може да има. Нема друга алтернатива. Ние сме Македонци, и говориме македонски јазик, но ќе стои од Северна Македонија наместо ФИРОМ, додаде тој.