Костадинов ќе ја води Комисијата за избори и именувања

од Aleksandar Petrovski
272 прегледи

Костадин Костадинов од СДСМ е избран за претседател на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Заменик-претседател во Комисијата ќе биде пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири.

Останати членови на Комисијата се следниве пратеници: Горан Мисовски, Јован Митрески, Фаница Николовска, Фадил Зендели, Мерита Колчи – Коџаџику, Арбен Зибери, Антонијо Милошоски, Александар Николоски, Дафина Стојаноска, Игор Јанушев, Никола Мицевски и Сурија Рашиди.

Новиот комисиски состав доби поддршка од 90 гласа „за“.