Вчерашните протести на Мицкоски беа со едвај 13 членови на ВМРО-ДПМНЕ и 14 коли, немаше никој друг. Граѓаните покажаа дека не се за блокади и саботажи, народот одамна не им верува на лагите од белиот дворец, вели на прес-конференција на СДСМ, Костадин Костадинов
-Фактот што овие издишани протести се случуваат во период кога во тек е дипломатска офанзива за деблокирање на евроинтегративниот процес покажува дека очигледно Мицкоски чувствува страв од тоа дека државата може да направи исчекор кон ЕУ, вели Костадинов, додавајќи дека Мицкоски се плаши од можен успех на државата, од реализација на стратешките интереси.
-Затоа шири лажни вести, измислува непостоечки сценарија, затоа блокира важни процеси во Собранието, затоа организира протести на кои неговите соработници треба да му го чуваат стравот.Може Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да продолжат да кочат и блокираат, тоа нема да го смени фактот дека се на погрешната страна од интересите на граѓаните и државата, вели Костадинов.
Тој уште еднаш кажа дека граѓаните треба да бидат спокојни бидејќи владата работи за граѓаните и за државата.