Костадинов: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголема закана за здравјето на граѓаните

од Берта Китинска
134 прегледи

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголема закана за здравјето на граѓаните. Тие се најголеми непочитувачи на мерките и препораките, а нивниот Наќе Чулев намерно го саботира системот одвнатре, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на прес-конференција во Струмица.

Костадинов посочи дека состојбата со глобалната пандемија бара општествена одговорност од сите и дисциплинирано почитување на мерките за заштита.

– Наместо тоа гледаме сосема спротивно, крајно неодговорно и незрело однесување од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Вчера го видовме како повторно не ги почитува законите и мерките за заштита. Организирал партиски собир во Ново Лисиче, спротивно на сите мерки и препораки со што директно го загрозува здравјето и придонесува за ширење на вирусот, рече Костадинов.

Потсети за посетата на Мицковски во теретана и во угостителски објект и додаде дека од почетокот на здравствената криза јавноста е сведок на непочитувањето на прописите и мерките од страна на Мицкоски и смислено ширење на лажни вести од страна на ВМРО ДПМНЕ.

– Ги повикуваме граѓаните, сосема спротивно од незрелото однесување на Мицкоски, да ги почитуваат мерките и да не го следат неговиот лош пример. Граѓаните на 15 јули уште еднаш ќе го казнат нивното незрело, неодговорно и несериозно однесување, рече Костадинов на прес конференцијата во Струмица.

Слични содржини