Христијан Мицкоски, трет ден се крие од јавноста откако се потврди дека ги лажел граѓаните за неговиот ангажман како советник на Никола Груевски,обвини Костадин Костадинов од СДСМ.

Вели дека иако самиот признал дека земал пари додека му бил советник на Груевски, што ги чинело граѓаните 2 милиони денари, Христијан Мицкоски не им се извини на граѓаните за тоа што ги излажа.
„Ова однесување на Христијан Мицкоски потврдува дека: Мицкоски не ги почитува граѓаните и нема доблест да им се извини! Ги потценува граѓаните и за него граѓаните очигледно не се важни!
Мицкоски нема образ и личен кредибилитет! Христијан Мицкоски не само што го следи патот на Никола Груевски туку очигледно ги дели и истите вредности со него“, вели Костадинов.