Костадинов: На 17 октомври ВМРО-ДПМНЕ го очекува нов силен изборен пораз

од Берта Китинска
380 прегледи

СДСМ на овие избори излегува со најдобрата програмска и кадровска понуда со која ќе продолжи развојот на општините.Локалните избори се избори на личности и токму тоа е една од клучните предности на СДСМ, вели портпарол на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов.

Тој вели дека лидерот на опозицијата Мицкоски не верува во сопствената понуда на кандидати.

-Фактот што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да извадат свој кандидат за градоначалник на Град Скопје и Општина Центар, говори за поразот што ја очекува опозициската партија во главниот град, но и во многу други општини низ целата држава.На граѓаните им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никаква понуда за овие локални избори.Затоа на 17 октомври ги очекува нов силен изборен пораз. Граѓаните уште еднаш ќе потврдат дека развојот на општините е можен единствено со СДСМ кој ја носи најдобрата понуда за секоја општина, посочи Костадинов.

Слични содржини