Костадинов: Нема да дозволиме затворање на училиштата, локалните власти да најдат решенија

од Vladimir Zorba
357 прегледи

„По сите кризи сметам дека не смееме воопшто да го доведеме под прашање функционирањето на училиштата. Не смее да дојде до затворање на училиштата и верувам дека нема да дојде до тоа“ изјави градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека тоа во голема мера ќе зависи од дијалогот меѓу локалната и централната власт, но пред се од менаџирањето на општините и реифинирањето на приоритетите.

„Потребно е ставање на приоритетна листа на оние трошења што мора да ги направиме за да испорачаме клучни резултати во образованието, но и социјалната правда. Образованието ни е кревко, а од тоа ни зависи целиот иден развој како држава“ рече Костадинов.

Градоначалникот на Валандово додаде дека во неговата општина благовремено се подготвени и буџетирани ставките и најави дека ниту општината, ниту училиштата нема да имаат поголеми проблеми.

Слични содржини