Нашата таковина, нашите граѓани веќе ги живеат историските успеси. Ние сме НАТО. Во Брисел се одржа прв Самит на НАТО на којшто Северна Македонија учесуствуваше како полноправна и рамноправна земја-членка, потсети на денешната прес конференција пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Според него, членството во НАТО е реализација на стратешката и национална цел поставена уште од независноста.
„Додека премиерот Заев и нашата државна делегација работат за иднината на државата, за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски целосно се загубија во деструктивноста. Откако им издишаа протестите и блокадите цела нервоза ја истураат во нови опструкции и блокади. Таквата деструкција и немање ориентација во простор и време, ги доведе до степен отворено да работат против највисоките национални интереси“, вели Костадинов.
Пратеникот на владејачката партија вели дека ВМРО-ДПМНЕ е штетен фактор за македонските национални интереси и кога е власт, и кога е опозиција.
„Одбивајќи да расчистат сами со режимот во самите себе, тие ѝ се одмаздуваат на сопствената татковина со неразумно и штетно делување, буквално во секој поглед.
Повеќе од јасно е дека оваа партија нема волја, ниту желба, уште помалку капацитет да се издигне над мрачното наследство кое им го остави Груевски. Тоа го покажа и снимката и зборовите на Жугиќ. Сѐ додека раководството удобно безделничи и контрира на највисоките државни интереси, опкружено со „велелепни лустери, црвени теписи и махагони“, нема аир од нив ни кога странува збор за здравство, ни за образование, уште помалку во односите со сојузниците и меѓународната заедница“, додаде Костадинов.