Костадинов од Преродба: ЕУ ги почнува преговорите со Македонија без да се спроведат уставните измени

од Nikola Popovski
355 прегледи

Европската Унија ги отвора претпристапните поглавја со Република Северна Македонија без земјата да ги исполни своите обврски. Ова од собраниската говорница во Бугарскиот парламент го порачал лидерот на контроверзната опозициска партија, „Преродба“, Костадин Костадинов.

Тој побарал објаснување за европскиот пат на Македонија. Според него, ако Северна Македонија не го смени Уставот и не ги вклучи Бугарите во него, во работната група при Советот за проширување на ЕУ имало писмо со кое се дава зелено светло за преговори.

Костадинов го цитирал писмото од Советот на Европската Унија испратено до нашата земја.

„Со ова писмо всушност се отвораат претпристапните поглавја, а во РСМ се уште немаме уставни промени. Нашиот претставник во работната група на Советот за проширување со месеци се противи на одлуката да се испрати ова писм. Меѓутоа, на почетокот на ноември тој го симнал гардот или ова е став на официјална Софија“, прокоментирал Костадинов, објави „БНР“.

Македонско – бугарските односи се нарушени по бугарско вето за старт на македонските преговори за влез во ЕУ, бидејќи Бугарија не го признава македонскиот јазик и делови од историјата и се жали на дискриминација на свои граѓани во земјава. Софија минатото лето го повлече ветото за почеток на преговорите со ЕУ откако Скопје го прифати францускиот предлог кој меѓу другото, предвидува бугарскиот народ да стане дел од македонскиот Устав.

Слични содржини