144
„Охридскиот Рамковен договор и Преспанскиот договор се важни државнички достигнувања. Тие се дел од нашите државни и национални интереси и тие се поклопуваат со интересите на нашите пријатели и стратешки партнери, САД“, изјави денеска Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.
„Овие два договори се усвоени токму овде во македонското Собрание и тие се гарант за стабилноста и напредок на нашата држава и на целиот регион. Еден од најсилните гарантори за овие договорите е нашиот стратешки сојузник САД.
Одлуката на Претседателот на САД, Џо Бајден испраќа на јасен сигнал од страна на Соединетите Американски Држави, кои се интересите на САД во овај регион и на кој начин ќе се заштитат“, смета тој.