Костадин Костадинов од СДСМ истакна дека овие два дена сме сведоци на една екстремистичка реторика со која се покажува односот на опозицијата кон парламентарниот дом.

– Бев дури и нападнат од една колешка дека сме вршеле изборен поткуп во Струмица. – рече Костадинов и ја повика за реплика.
Тој смета дека ниту реториката, ниту, лагите и заканите кон парламентот не мое да ја скријат вистината и дека на 15 јули граѓаните го одредиле патот по кој треба да се движи Република Северна Македонија. Тој ги посочи заложбите на владата за меѓународното признавање.