297
Во однос на тврдењата на, бугарскиот министер за правда, Красимир Каракачанов, дека 120.000 граѓани на С.Македонија меѓу кои и политички функционери на ВМРО ДПМНЕ, имаат бугарско државјанство и ќе гласаат на претстојните парламентарни избори, се огласи и портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Не е проблем што наводно половина раководство и пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, од Антонио Милошоски до Бојан Стојановски, Александар Николовски, потпишале изјава дека се бугарски производ и земале бугарско државјанство.
Проблем е што глумат загрижени и поголеми Македонци од нас, кои немаме резервна татковина, за разлика од нив“, се вели во фејсбук објавата на Костадинов.