Вчера парламентарното мнозинството предводено од СДСМ донесе важни законски измени кои го подобруваат животот на граѓаните, порача портпаролот на владејачката партија, Костадин Костадинов.
„А што во меѓувреме правеше ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден“, запраша Костадинов, кој потоа наброја некои од потезите на опозициската партија.
„Вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за усвојување на потребата од скратена постапка при носењето на Законот за додадена вредност и намалување на ДДВ за струја од 18 на 5 отсто.
Вчера ВМРО-ДПМНЕ продолжи да шири лажни вести за македонскиот јазик, иако и Владата и СДСМ секојдневно го повторуваат јасниот став дека за македонскиот јазик нема и нема да им никакви преговори.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вчера како во старите насилнички режимски времиња упадна на седница на Совет на општина Ѓорче Петров, во која и не живее со цел да ја прекине седницата и да предизвика скандал.
Ете тоа нуди ВМРО-ДПМНЕ, лажни вести, насилство, дејствување против интересите на граѓаните“, посочи Костадинов според кого огромна е разликата меѓу концептот на СДСМ кој води напред и концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој ја враќа државата назад.