Костадинов: Претрпевме тежок пораз од Македонија, потребна е оставка на бугарската Влада

од Nikola Popovski
166 прегледи

Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов повторно побара оставка од бугарската Влада поради, како што вели, поразот од Македонија на надворешен план и усвојувањето на Предлог-извештајот за напредокот на земјата кон ЕУ. Тој говорел и за оставката на Кирил Петков кој се повлекува од пратеничкото место во бугарското Собрание и копретседателката функција во неговата Продолжуваме со промените.

-Фактот дека лидер како Кирил Петков поднесе оставка е симптом на болеста што ја труе и малтретира целата земја, а тоа е корупцијата, коментирал Костадинов.

-Во последните денови видовме она што го гледаме во изминатите 35 години низ цела Бугарија. Крајно време е за оставка на целата политичка елита, за нови избори и за повторно основање на бугарската држава, истакнува Костадинов.

Според контроверзниот политичар, истото може да се каже во иста мера за екс-премиерот и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за Делјан Пеевски и за сите други политички лидери и од владејачката и од некои од опозициските политички сили.

-Најдоброто нешто што може да се случи во овој момент, особено со земјотресите во Бугарија откако, за жал, претрпевме многу сериозен надворешно-политички пораз од Република Северна Македонија, најдоброто решение е оставка на Владата и нови избори, смета лидерот на Преродба, пренесуваат бугарските медиуми.

Слични содржини