Разговараме за проширување на мнозинството со останување на сите партнери во коалицијата, истакна потпретседателот на партијата, Перо Костадинов во гостувањето во ТВ21. Според него, СДСМ работи на зголемување на мнозинство со усогласување на програмите и кадровските потенцијали со новите коалициски партнери, без да има намера некој да замине од коалицијата.
-Ги следиме состојбите, мораме сите заедно како коалициска Влада што се стреми за државната цел, зачленувањето во ЕУ, да покажеме дека навистина сакаме и можеме и мораме да бидеме доследни. Ќе има серија на дополнителни разговори, а јавноста ќе биде информирана. Се надевам дека сите што сме на ЕУ патот ќе го направиме процесот поедноставен и побрз. Се надеваме дека заеднички со сите коалициски парнтери ќе продолжиме понатаму, кажа Костадинов.
Тој додаде дека СДСМ има јасни цели и програмски активности што ги следи.