Костадинов: СДСМ го осудува говорот на омраза и антисемитизмот за кои постои одговорност пред законите

од Берта Китинска
293 прегледи

Како одговорна политичка опција во државата, СДСМ најостро го осудува ширењето на говор на омраза, го осудува антисемитизмот, вели Коста Костадинов, портпарол на СДСМ на новинарско прашање „дали ќе преземе нешто партијата во врска со статусот на Тричковски за Мизрахи“.

– Би сакал да кажам дека човекот нема никаква поврзаност со СДСМ и ја користам оваа прилика да апелирам до надлежните институции да го отворат случајот и да го истражат и да има соодветна одговорност согласно законите на Република Северна Македонија.

Нашата држава е демократска земја, нашето општество е демократско и секако такви испади се недозволиви.

Слични содржини