Иако досега избегнував да го коментирам, морам да го истакнам несериозниот однос и пристап кон ЗЕЛС, на колегата од Струмица, Костадинов. Практично, не паметам седница на која се појавил, секогаш праќал замена. Во моментите кога се појави кризниот период, не само јас, туку и повеќе мои колеги и соработници од ЗЕЛС, пробавме да го исконтактираме, да продискутираме со него дали има простор да му помогнеме, да се вклучиме во надминување на кризата со водоводот, порача на јавниот сервис Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
„Обидите за соработка кој тој тврди дека ги имал, се двосмерна улица и морам да ја информирам јавноста дека сум наишол од него на затворена врата. И тоа не само јас, туку и други соработници, дури и од неговата политичка партија“, изјави Ѓорѓиевски.
Според претседателот на ЗЕЛС, има средства за сите општини коишто ги исполниле критериумите за добивање на средства за инфраструктурни проекти, а дополнителниот рок е за комплетирање на документацијата.