Градоначалникот на општина Струмица и член на СДСМ, Костадин Костадинов синоќа беше запрашан колку лидерот на едното крило на АА, Арбен Таравари и претседателот на ДУИ, Али Ахмети се потенцијални коалициски партнери на СДСМ на локалните избори.
-Одлуката и овластувањето за таков одговор го има исклучиво претседателот Венко Филипче и раководството на партијата, рече Костадинов во емисијата „24 анализа“.
Според него, Филипче има овластување од ЦО на СДСМ за да разговара со потенцијални коалициски партнери. Вели дека СДСМ отсекогаш така победувал – како сојуз на повеќе различни партии и со една заедничка политичка платформа.
Власта и опозицијата најавуваат дека следната недела ќе заседаваат партиските тела, по што ќе ги објават имињата на кандидатите за градоначалници и општински советници.