Костадинов: Струмичани добија здрава и безбедна вода

од Nikola Popovski
22 прегледи

И официјално со решение од Агенцијата за храна и ветерина, од синоќа струмичани и Струмица добиваат здрава и безбедна вода за пиење. На денешната прес конференција, градоначалникот Костадин Костадинов им се заблагодари на директорот на „Комуналец”, на техничкиот директор и на вработените во Филтер станицата коишто деноноќно и неуморно работеа да ја преработат техничката вода до степен на питка.

-Им се заблагодараувам за добрата соработка и на инспекторите од Агенцијата за храна и ветерина, што навистина им излегоа во пресрет на струмичани, можеби имало и притисоци, но го потпишаа записникот и ни овозможија ние како струмичани да ја надминеме едномесечната голгота. Елементарни човекови права како што е здрава и безбедна вода за пиење во ниту еден случај не смеат да бидат политизирани, како што таков обид имавме овде во општина Струмица и ние струмичани многу добро тоа на наш грб го осетивме. Им порачувам на сите надлежни институции да си ја гледаат својата работа без да мешаат политика во неа, рече градоначалникот Костадинов.

Интересите на граѓаните да се стават над интересите на партиите, побара вчера претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓоргиевски по најавите за повлекување на градоначалниците на Струмица и Карпош.

Стевче Јакимовски се предомисли и присуствуваше на состанокот. Очекува Ѓоргиевски да овозможи поголема соработка на оваа општина со министерствата.

Присуствуваше и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов од кој ЗЕЛС се очекува да биде медијатор за на маса да седне и градоначалникот на Струмица, кој си поднесе оставка како член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Ѓоргиевски вели обидите да му се помогне на Костадинов во решавањето на проблемите со струмички водовод биле безуспешни.

Од МЗВШ велат дека проблемот е што не се инвестирало во модернизација на водовод и пречистителни станици.

Слични содржини